„Денот на независноста“
-
март 10, 2023
-
0 Comments
Со пригоден говор на градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, како и со рецитирање на револуционерна поезија од страна на рецитаторите при Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, беше одбележан 8 Септември, Денот на назависноста.
Read MoreОдбележување од смрта на 5 те студенти
-
март 1, 2023
-
0 Comments
Одбележана 71 годишнина од убиството на петте струмички студенти: Пецев, Белев, Јармов, Топчев и Костуранов. Пригоден рецитал од членовите на рецитаторската секција при Дом за деца и млади ” Благој Мучето”, Струмица, Панче Ангелов и Сара Костуранова и Марија Витанова како модератор на настанот. Положено свежо цвеќе.
Read More02.08.2022 ,,Илинден“
-
март 1, 2023
-
0 Comments
02.08.2022 Одбележан Денот на Републиката со пригоден говор од Елена Маѓеровска Пaликарова, член на Советот на општина Струмица, како и со рецитирање на револуционерна поезија од членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој Мучето” , Струмица. Положено свежо цвеќе.
Read More14.07.2022 – Одбележување од смрта на Благој Мучето
-
февруари 27, 2023
-
0 Comments
14.07.2022 Со рецитирање на револуционерна поезија од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, дадовме придонес кон одбележувањето на 78 годишнината од смртта на народниот херој Благој Јанков Мучето, чие има го носи нашата институција.
Read More25.06.2022 Одбележување од раѓањето на Борис Трајковски
-
февруари 27, 2023
-
0 Comments
25.06.2022 Денес се навршуваат 66 години од раѓањето на вториот Претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски. По тој повод доделени награди по распишан конкурс од, ЛУБ,, Благој Јанков Мучето “- Струмица, прочитани наградените литературни творби. Положено свежо цвеќе од семејството, Градоначалникот и советот на општина Струмица, политичките партии и здруженија на […]
Read More24.06.2022 – Одбележување
-
февруари 27, 2023
-
0 Comments
24.06.2022 Пред споменикот подигнат во нивна чест, беше одбележана 21-годишнина од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев во воениот конфликт во 2001 година. Свежо цвеќе положија претставници на семејствата, на Советот на општина Струмица предводени од претседателот Марјан Даскаловски, претставници на СВР Струмица, политички партии и здруженија на граѓани. За […]
Read MoreЛиковна колонија ,, Св. Ѓорѓи“ – Неготино
-
февруари 27, 2023
-
0 Comments
16-17.06. 2022 Учество на Детска ликовна колонија,, Св. Ѓорѓи” – Неготино со Андреа Кирова и Рената Димитрова, со менторката Слободанка Мечева, во организација на Дом за деца и млади,, Благој Мучето ” – Струмица. Учествуваа домаќините, Демир Капија, Ново Село и Берово. Создадени 25 прекрасни дела акрил на платно.
Read More„Едукативна работилница“
-
февруари 27, 2023
-
0 Comments
14.06.2022 Нови часови со Роза Мојсовска, овој пат Роза покажа и изработи мртва природа – вазна, со цвеќе. По неа и учесниците цртаа вазна, со цвеќе во паркот пред АРМ.
Read More,,Вело Награди“
-
февруари 27, 2023
-
0 Comments
09.06.2022 Доделени награди по распишан Ликовен и Литературен конкурс на тема,, Велосипед – цел еден свет ” во склоп на проектот на општина Струмица,, Вело Струмица,, Вело град во соработка со основните општински училишта во Струмица. Доделени 7 награди од ликовниот дел и 5 награди од литературниот дел.
Read More,,Едукативна работилница “ – нови часови
-
февруари 27, 2023
-
0 Comments
06.06.2022 Продолжува со работа Едукативната работилница со Роза Мојсовска. Одржани два нови часа, на кои Роза им покажа на учесниците како се бои со темперни бои. Потоа самите работеа на изработка на ликовни творби со инструкции на Роза. Настанот се одвиваше во градскиот парк, каде учесниците работеа и се дружеа.
Read More