4 Мај – Одбележување од смрта на Гоце Делчев
04.05.2023
Oдбележани 120 години од смртта на Македонскиот Великан Гоце Делчев.
Пред неговиот споменик на плоштадот кој го носи неговото име, се одржа пригодна свеченост на која за животот и делото на Делчев зборуваше Елена Магеровска Паликарова, заменик градоначалник и член на Советот на општина Струмица.
На одбележувањето со свој рецитал се претставија членови од Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ во Струмица, а свежо цвеќе пред големиот споменик на Гоце положија претставници на Советот на општина Струмица, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, претставници на здруженија на граѓани и од основни и средни училишта.
,, Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите,,
Нека му е вечен споменот.
Изложби