-
ШТОРАБОТИМЕ?
Ние сме Општинска Установа Дом за Деца и Млади ``Благој Мучето`` од Струмица.
Домот за деца и млади „Благој Мучето“ како општинска установа за култура врши дејност од посебен општествен интерес и придонесува за развој на културата и образованието, со достапност за сите деца и млади.
-
Литературна секција
Во оваа секција спаѓаат: рецитаторска, литературна, новинарска .
Преку рецитаторската секција децата ги истакнуваат своите рецитаторски способности како на јавни настапи и приредби така и преку настапи на радио емисии,ТВ емисии, државни празници,локални празници и свечености, културно забавни програми, гостување на детски манифестации и сл.
Литературната секција на своите членови им овозможува да ги истакнат своите литературни творби како пред своите членови така и широката јавност. Му се дава можност на секое дете да настапи со своите лични творби. Покрај тоа младите литерати организираат литературни конкурси, читања, гостувања и сл. Исто така младите литерати се запознаваат со позначајни писатели и лични контакти.
Новинарската секција има задача да им овозможи на децата да преку своите дописи ја известува јавноста за активностите на децата од нашата општина.
-
Ликовна секција
Во оваа секција членуваат деца кои имаат наклоност кон ликовното творештво. Во своите основни начела имаат за цел низ една перманентна и ангажирана активност во сверата на креативното творење го осмислува слободното време кај децата, ги негува и афирмира ликовно естетските вредности кај младите. За таа цел во својата програма има масовни активности како: изложби,ликовни конкурси,цртање на асфалт,ликовна работилница и запознавање со разни техники на цртање.
Оваа секција во својата програма и работа има посебно внимание во организирањето и реализирањето на државната манифестација „Цвеќе“ единствена во нашата држава, а се состои од аранжирање на природно цвеќе,ликовна изложба од цртежи на тема цвеќе и цртање на асфалт. -
Драмска секција
Во оваа секција членуваат деца кои имаат наклоност кон драмската уметност. Овде доаѓаат до израз нивните актерски способности и тоа со учество во детските драмски претстави, драмски емисии како и куклени претстави.
Целта на оваа секција е да се развива љубовта на младите генерации кон драмското творештво. -
Трибина на младите
Основна задача е да ги задоволи потребите и интересите на децата во современиот друштвен,економски,културен и научен живот. Пратење на актуелните збивања на младите генерации, среќавања со уметници,писатели и луѓе кои се баваат со занимлива професија. Се организираат предавања од областа на екологијата,здравството,хигиената и културата.
-
Ритмичко Балетанска секција
Во оваа секција членуваат деца кои имаат наклоност кон музиката. Има за цел да ја развива и шири музичката култура кај децата према можностите и нивните способности. Во оваа секција спаѓаат: пеачка група, хор, фолклорна група и модерен балет односно ритмика.
Во оваа секција членуваат деца кои имаат интерес и дарба за пеење,игра и ритам.
Членовите на овие секции своите настапи ги имаат на културно забавни програми и манифестации. -
Секција на млади археолози
Во оваа секција членуваат деца кои имаат интерес кон нашето културно богатство како од минатото така и од сегашноста. Со посетите на локалитетите и предавањата ги збогатуваат своите желби кон оваа уметност од нашето поднебје.
-
Органограм и Организација
Во воспитно образовниот процес се вклучуваат и надворешни соработници, од кои голем број се вклучуваат волонтерски.
Соработуваме со сите организации и асоцијации што работат со деца.
Во Домот децата и младите се ангажираат во нивното слободно време на групни занимања, како и индивидуални активности за кои покажуваат интерес, како и грижа за докажување. Со разни форми на работа се овозможува средба на децата за забава, игра и слично при што се води грижа при концептирањето на содржината за работа а се тргнува од идејните позиции на нашето општество потпирајќи се на културно научна и хумана основа.
Се развива способноста за учество во сите области на играта и творештвото ги развива природните способности и склоности на нивните потенцијали и сознанија, развивање слободно мислење, критично оценување и конструктивно делување. Се настојува поврзување на децата и младите од сите училишта во општината,регионот, како и од државата и надвор од неа.
Се организираат и учествуваат на културни манифестации и детски средби со цел да им се овозможи на децата не само да ги покажаат своите знаења од областа на културно забавниот и научен живот туку и ширење на другарството меѓу најмладите членови на нашето општество, чувство на хуманост, пријателство, солидарност и почитување на културните вредности на својот народ.