Хаику изложба

27.04.2023

   Организирана изложба на Хаига цртежи на ученици од СОУ “Ацо Русковски” од Берово и ученици од ООУ “Васил Главинов” од Велес, работени според детските хаику песни на велешкиот поет и афористичар Атанас Крлевски.
  Ученици од одделенска настава од ООУ “Сандо Масев” и ООУ “Маршал Тито”од Струмица, заедно со нивните наставници имаа ретка можност да ја посетат изложбата која е прва од таков вид организирана во Струмица и една од ретките во државата.
 
 Учениците исто така во кратки црти беа запознати со карактеристиките на јапонската хаику поезија.
   Покрај авторот Атанас Крлевски, на изложбата беа присутни и три ученици од беровската гимназија, автори на неколку од изложените цртежи, заедно со нивниот ментор Слободан Пандов, професор по ликовно.
Изложби