Фолклористика со Иван Котев во Турново
11.05.2023
  Последен час по фолклористика за оваа учебна година, одржан во ООУ “Св.Кирил и Методиј” ПУ Турново. Иван Котев на учениците од седмо и осмо одделение им одржа предавање за фолклорот, начинот како собира народни умотворби, како ги дешифрира, запишува, селектира и објавува во книги.
   Учениците преку интеракција покажаа видлива заинтересираност за приказните, песните, поговорките и гатанките запишани од Котев.
   На часот присуствуваа и неколку наставнички од училиштето, а истиот беше во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето”.
Изложби