Хаига изложба во Дабиље
16.05.2023
    Реализиран уште еден едукативен час на тема хаику -хаига, јапонска традиционална поезија и поставена изложба на цртежи од ученици, нацртани според хаику песните за деца од книгата “Смајли во снегот” од Атанас Крлевски.
   За ликовните техники, употребени при цртањето, подетaлно зборуваше Слободан Пандов, ментор на учениците од СОУ “Ацо Русковски” – Берово кои заедно со учениците од ООУ “Васил Главинов” – Велес, цртаа според хаику песните од книгата.
   Изложбата беше поставена во просториите на ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Дабиле. Домаќини на настанот беа директорот и наставниот кадар во училиштето, а организатор Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица.
Изложби