Уметничко рецитирање
18.05.2023
  Регионален натпревар во уметничко рецитирање во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето”.
  На натпреварот учество зедоа ученици од повеќето основни училишта од регионот, под раководство на нивните ментори.
  Жири комисијата, составена од професори по македонски јазик и литература во средните училишта, одлучувше за најдобрите рецитатори.
  Сите ученици за учеството добија книга, а наградените – дипломи за освоена награда и пакет книги со содржина соодветна на нивната возраст.
  Оваа манифестација се одржува четириесетина години и се надеваме дека со оваа даваме уште поголем поттик на учениците книгата да им стане подобар пријател, како и да пишуваат нивни сопствени литертурни творби.
Изложби