,,Тањи незнајни“ со Киро Донев
26.05.2023
Во паркот, пред Дом на АРМ, ученици од одделенска настава од основните општински училишта од Струмица, имаа можност први да ја имаат в раце најновата книга на нашиот роднокраен писател Киро Донев.
За “Тајни незнајни” кратко зборуваше самиот автор, како и издавачот Нове Цветановски од “Македоника Литера”-Скопје.
Во опуштена, забавна атмосфера, учениците имаа можност да слушнат и кратка драматизација на текст од авторот, во изведба на Мелани Илиева од ООУ “Гоце Делчев”-Босилово.
На вработените во Домот за деца и млади “Благој Мучето” им припадна честа први во државата да организираат промоција на најновото дело на неповторливиот Киро Донев
Изложби