„Републички ликовни детски средби -Цвеќе 2023“
-
ноември 27, 2023
-
0 Comments
Одржани 33 по ред Републички детски ликовни средби ,,Цвеќе -2023″ во организација на Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,,- Струмица.
Учество зедоа 70 ученици со нивните ментори од основни училишта од Струмица, Босилово, Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Берово, Русиново, Кочани , Пехчево и Радовиш.
Настанот го отворија најмладите членови на КУД ,,Мирка Гинова” од Демир Капија со едно убаво македонско оро.
Потоа учесниците распределени во екипи цртаа на хамер со сув пастел на тема “Цвеќе”.
Во холот на институцијата беа изложени над 200 ликовни творби кои пристигнаа по распишаниот ликовен конкурс.
Средбите се од натпреварувачки карактер и ликовните творби беа оценети од тричлена комисија составена од ликовни уметници и беа доделени три први награди:
1.Марија Кончалиева ООУ ,,Видое Подгорец”- Струмица.
2.Зорица Трајкова ООУ ,,Гоце Делчев” – Босилово
3.Невена Јованова ООУ ,,Никола Карев”- Радовиш
Четири втори награди:
1.Нена Митушева ООУ,,Даме Груев”- Куклиш
2.Софија Стојанова ООУ ,,Никола Вапцаров”- Струмица
3.Ина Стојменова НУЦК ,,Бели Мугри”- Кочани
4.Елена Арсова ООУ ,,Никола Карев”- Радовиш
Четири трети награди:
1.Љубица Петрова ООУ ,,Димче Ангелов Габерот”- Демир Капија
2.Теодора Танева ООУ ,,Борис Трајковски”- Моноспитово
3.Глигор Малинов ООУ ,,Даме Груев “- Куклиш
4.Калиопа Данева ООУ ,,Видое Подгорец”- Струмица
Три посебни награди за техника:
1. Љубица Поп Иванова ООУ ,,Владо Кантарџиев”- Гевгелија
2.Николинка Димова ООУ ,,Св.Кирил и Методиј”- Иловица.
3.Елена Костова ООУ ,,Димче Ангелов Габерот”- Демир Капија.
Беа доделени осум екипни награди за цртање на отворено на хамер со сув пастел и тоа:
Прва награда:
1.ООУ ,,Гоце Делчев”- Неготино
2. ООУ ,,Видое Подгорец”- Струмица
Втора награда:
1.ООУ ,,Владо Кантарџиев”- Гевгелија
2.ООУ ,,Св.Кирил и Методиј”- Иловица.
Трета награда:
1.ООУ ,,Никола Петров”- Русиново
2.ООУ ,,Даме Груев”- Костурино
Посебни награди:
1.Училиште за уметничко цртање при НУЦК ,,Бели Мугри”- Кочани
2.ООУ ,,Атанас Нивичански”- Нова Маала.
Настанот го посетија повеќе претставници на институции и заинтересирани граѓани.