ВЕЧЕР НА РОДНОКРАЈНИ АФОРИЗМИ
-
јануари 20, 2026
-
0 Comments
09.12.2025
Во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето”-Струмица, синоќа во Младински центар одржа ВЕЧЕР НА РОДНОКРАЈНИ АФОРИЗМИ.
Покрај етаблираните роднокрајни афористичари настапија и млади, надежни автори коишто почнаа да го негуваат тој краток литературен жанр.
Членови на литературната секција при Домот читаа афоризми од автори коишто не беа присутни на Вечерта.
Очигледното задоволство на лицата на луѓето во публиката од слушнатото, секако дека ќе претставува поттик за младите афористичари да продолжат да творат на полето на афористиката.















