Изложба на Училиштето за цртање при Домот на култура,,Јане Сандански“- Ново Село

27.11.2025

  Како резултат на десетгодишната соработка помеѓу Домот за деца и млади ,Благој Мучето “- Струмица и Домот на култура,,Јане Сандански “-Ново Село денес се отвори Годишната изложба на членовите на Училиштето за цртање кое работи при Домот на култура во Ново Село.
  Изложени 26 ликовни творби , изработени акрил на хартија, работени на тема мртва природа, по репродукција на познати ликовни уметници , слободна тема и др.
  Изложбата ја посетија ученици од ООУ,,Сандо Масев”- Струмица и нивната менторка, и ученици од ООУ,,Маршал Тито “- Муртино и ученици од ООУ,,Борис Трајковски “-Моноспитово и нивните менторки.
Изложби