Час со Иван Котев со ученици од ООУ,,Никола Вапцаров“- Струмица
17.12.2025
  Ученици од ООУ “Никола Вапцаров” – Струмица, имаа ретка можност да го слушнат предавањето на нашиот познат собирач на народни умотворби Иван Котев, на тема фолклористика.
  Зборувајќи за фолклорот, со сите негови елементи, тој истакна дека фолклорот е уникатно обележје на еден народ, што го прави различен од другите народи и му дава автентичност, за на крајот да заврши со порака до учениците да го негуваат македонскиот јазик, бидејќи “јазикот е нашата татковина”.
 Настанот организиран од Дом за деца и млади “Благој Мучето”-Струмица, во соработка со раководниот и наставниот кадар во училиштето, а особено со наставничката по македонски јазик и книжевност, Даниела Пејева Митева, којашто зедно со учениците ја покажаа својата креативност во подготовката на часот, како и преку очигледната заинтересираност на учениците изразена преку интерактивноста за време на часот.
Изложби