Едукативно- забавен час со роднокрајната писателка на литература за деца Славица Андреева
15.02.2024
Во ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Иловица, ПУ Секирник, одржан едукативно – забавен час со роднокрајната писателка на литература за деца Славица Андреева.
Учениците уживаа во веселите песнички на авторката, како и во досетките кои го направија часот уште поинтересен.
Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, со своите надворешни соработници – писателите од регионот и пошироко, а во соработка со училиштата и понатаму ќе продожи со одржување на вакви часови интересни за децата.
Тоа посебно се однесува на училишта кои се поодалечени од Струмица и со тоа на учениците им е намалена можноста да посетуваат настани ос сличен вид кои се одржуваат во градот.
Изложби