Одбележување – 152 години од раѓањето на Гоце Делчев
04.02.2024
Одбележана 152 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, предводникот на борбата за ослободување на Македонија од османлискиото ропство.
На свеченоста по тој повод, одржана на плоштадот во Струмица, пред споменикот на великанот, пригоден говор одржа градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.
Рециталот беше во изведба на ученици од ООУ “Гоце Делчев” – Вељуса, додека модератор на настанот беше Марија Витанова, од литературната секција при Дом за деца и млади.
Изложби