Часови по фолклористика со Иван Котев во Секирник
20.02.2024
По повод Денот на мајчиниот јазик, денес во ООУ “Даме Груев” – Куклиш,
се одржа час по фолклористика со нашиот познат собирач на народни умотворби Иван Котев.
Присутните ученици имаа чест директно од Котев да слушнат за неговата полувековна собирачка дејност, значењето на народните умотворби за опстојувањето на македонскиот јазик, како и предавање за фолклорот воопшто. Беа прочитани неколку народни песни и поговорки од неговите збирки.
Часот беше огранизиран од Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица во соработка со раководниот и наставниот кадар во училиштето и истиот е финансиран од Министерството за култура на Р.С Македонија како Проект од национален интерес.
Изложби