Размена на изложба од Центарот за култура,, Ацо Ѓорчев“- Неготино
27.09.2023
  Отворена ретроспективна изложба на ликовни творби од Детската ликовна колонија ,,Манастир Св. Ѓорѓи”, преземена од Центарот за култура ,,Ацо Ѓорчев ” од Неготино. Оваа е изложба е втора од проектот” Размена на изложби” одобрен од Министерството за култура на Р. С. Македонија. Изложбата ја отвори Виолета Стојановска – директорка на Центарот за култура ,,Ацо Ѓорчев”- Неготино.
  Изложбата ја посетија ученици од ООУ ,, Видое Подгорец”- Струмица, ООУ ,,Герас Цунев”- Просениково и ООУ “Св. Кирил и Методиј” -Дабиље и нивните ментори Слободанка Митева, Македонка Ангелова Стоилова и Жарко Спасов.
Соработката помеѓу овие институции постои години наназад и убедени сме дека ќе продолжи и понатаму.
Изложби