Преставување на млади литерати во Василево
28.09.2023
 Во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето”, а во соработка со раководниот и наставниот кадар во ООУ “Гоце Делчев” – Василево, пред деветоодделенците од оваа училиште се претставија три млади роднокрајни писателски:
Александра Атанасова, Рената Атанасова и Василија Ѓоргиева. Младите литератки читаа дел од своето прозно и поетско творештво, со претходно претставување на нивниот литературен портрет.
Настанот беше организиран пред се’ да им се даде поттик на учениците повеќе да читаат и пишуваат, како и поддршка на младите авторки да продолжат да го негуваат нивниот креативен творечки дух.
Изложби