Завршна работилница со Роза Мојсовска 2023
25.09.2023
 Се одржа третата Едукативна работилница со Роза Мојсовска,
во која Роза и овој пат им црташе со уста, онака како што впрочем таа и работи, природа со темперни бои.
 Учениците, како и во претходните две работилници ја набљудуваат нејзината работа, а потоа и сами цртаа на истата тема на свој начин.
Искористено убавото време и убавините на градскиот парк за работа, но и за дружење.
 Со оваа работилница завши проектот ,,Едукативна работилница” со Роза Мојсовска во организација на Дом за деца и млади ,,Благој Мучето”, а во соработка со учениците од ООУ ,,Герас Цунев,,- Просениково и ООУ “Даме Груев ” – Куклиш, заедно со нивните менторки Слободанка Митева и Соња Настовска. Се разбира, главниот виновник за овие убави работилници е Роза Мојсовска – уметник, писател, пред се’ човек со прекрасна душа и огромно срце полно со љубов.
Изложби