7 октомври – Детската недела со најмладите

Продолжува одбележувањето на Детската недела, овој пат со најмладите од ЈОУДГ „Детска радост“ – Струмица. Децата со нивните воспитувачки ја разгледаа изложбата од ликовните творби создадени на првиот ден од одбележувањето на Детската недела од страна на учениците- учесници од Основните општински училишта од 6 до 9 одд. од Струмица, Ново Село, Василево и Босилово. Потоа сите заедно на убавото есенско сонце во паркот пред Домот на АРМ цртавме на тема „Другаруваме, играме и учиме“. Беше вистинско задоволство да се работи со децата на оваа возраст .

Изложби