Детска недела – Цртање на отворено
 05.10.2022
 Започна одбележувањето на Детската недела со Цртање на хамер со сув пастел во организација на Домот за деца и млади,, Благој Мучето ” – Струмица во градскиот парк пред Дом на АРМ. Учениците учесници од Основните општински училишта од Струмица, Василево, Ново Село и Босилово цртаа на тема,, Другаруваме, играме и учиме ”.
  Децата се дружеа, цртаа и нивните вредни раце создадоа 16 прекрасни ликовни творби, и со тоа испратија порака до сите деца : Да другаруваме, и да се дружиме, да играме и да бидеме креативни, така ќе научиме повеќе.
Изложби