Одбележан 11 октомври

11.10.2022

Пред Споменикот на револуцијата во Струмица беше одбележан 11 Октомври, Денот на народното востание и Денот на борецот.
За важноста на празникот пригодна реч имаше г-ѓа Елена Маѓеровска Паликарова, член на Советот на општина Струмица.
Членови на рецитаторската секција при Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, се претставија со колаж од револуционерна поезија, а најмладите членови на Ансамблот “Фолклорна низа” облечени во традиционална македонска носија изиграа неколку македонски ора.
Положено свежо цвеќе на споменикот.
Изложби