Инклузија на децата кои се надвор од училиштата во образовниот процес

31 05.2022

Домот за деца и млади,,Благој Мучето” учествуваше во реализација на проектот на општина Струмица

,, Инклузија на децата кои се надвор од училиштата во образовниот процес”.

На настанот присуствуваше градоначалникот на општина Струмица и дел од советниците, тој изјави :

,, Децата се нашето најголемо богатство, а нивното образование наш приоритет.

Со грант којшто го добивме од Детската фондација Песталоци, дваесеттина деца со надмината возраст ги вклучивме во редовниот воспитно-образовен процес, а коишто пред тоа беа надвор од училиштата. Поддршката за овие деца ја продолжуваме и понатаму.

  Со посебно задоволство денеска присуствував на завршниот настан во соработка со Домот за деца и млади и Библиотеката, а на кој децата цртаа на тема „Јас имам сон“

Мојот сон е здрави деца, образовани деца, сигурна иднина на Струмица.”

 

 

 

 

 

+25

Изложби