Републички детски ликовни средби ,,Цвеќе 2022“

27.05.2022

Одржани 32 по ред Републичките детски ликовни средби,, Цвеќе 2022”во организација на општинската установа Дом за деца и млади,, Благој Мучето’ ‘ – Струмица.

Учесници 24 екипи од основните општински училишта од Струмица, Ново Село, Босилово, Кочани, Гевгелија, Стојаково, Богданци, Пехчево, Неготино и Демир Капија, екипи со нивните ментори, директори на училиштата, Домови и Центри за култура во РСМ.

Настанот започна со Цртање на отворено на хамер со сув пастел во убавиот градски парк на Струмица, а продолжи со отворање на изложба по распишан Ликовен конкурс на тема,, Цвеќе”.

Средбите завршија со доделување награди 14 за Ликовните творби по распишан конкурс поединечно и 11 награди за Цртање на отворено екипно. Членови на комисијата : Роза Мојсовска, Звонко Тилев, Ана Димовска и Александра Димитрова.

Пристигнати 250 ликовни творби, создадени 24 ликовни творби на хамер, дружење и соработка помеѓу учесниците.

Изложби