Мулти Култи

20.05.2022

Реализиран проект,, Мулти Култи,, одобрен од Министерство за култура во Годишната програмата од национален интерес.

Учесници ученици од албанска националност од Скопје со менторката Џејлан Ферати и учениците од македонска и турска националност од ООУ,, Маршал Тито ” – Муртино, Струмица со ментор Панче Ѓоргиев.

Се црташе на Мокрински извори со сув пастел на хамер, на мотиви од природните убавини на Мокринските извори.

Организација на Дом за деца и млади,, Благој Мучето,, – Струмица и младиот европски амбасадор Гент Салихи.

Децата цртаа, се дружеа, ги посетија и Колешинските водопади.

За учество на настанот добија дипломи.

Изложби