Отворена изложба на ликовни творби од 25 –та Меѓународната детска ликовна колонија ,,Лазар Софијанов ,, Кратово 2018.
-
септември 28, 2018
-
0 Comments
28.09.2018
На оваа колонија зедоа учество ученичките Анастасија Ристова и Лилјана Китанова од ООУ ,,Маршал Тито ,,-Струмица.Со ова учество на ликовната колонија се отвора една нова соработка помеѓу Домот за деца и млади,,Благој Мучето,,-Струмица и Домот на култура ,, Лазар Софијанов ,, -Кратово. Повод за учество на на ликовната детска колонија во Кратово беше освоената Посебна награда од страна на Анастасија Ристова на Ликовниот конкурс распишан од страна на Домот за деца и млади за Републичките детски средби ,,Цвеќе-2108,, . Анастасија која е навистина вредна и креативна личност освен што зеде учество на колонијата ,освои и Прво место во категорија од 6 до 9 –то одделение.Таа и Лилјана во своето училиште работат под менторство на наставникот Ристо Обрадов,а во Кратово ги придружуваше менторот Звонко Тилев – соработник на Домот за деца и млади.
Со овој настан се подига нивото на негување и презентирање на детската ликовна креативност ,а целта беше да се воспоставуваат нови форми и содржини за работа на полето на ликовната уметност.Со освојувањето на на Првата награда на 25 –та Меѓународната детска ликовна колонија ,,Лазар Софијанов ,, Кратово 2018 се афирмира не само Домот за деца и млади и ООУ ,,Маршал Тито,, туку и самата општина и на некој начин се стимулираат децата за идни креативни соработки.