Во Струмица започна одбележувањето на Детската недела 01.10.2108
-
октомври 2, 2018
-
0 Comments
Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, -Струмица го започна одбележувањето на Детската недела .Секоја година одбележувањето на детската недела е првата полна седмица од месец Октомври , а оваа година започна од 01.10.2018 година.
Детската недела е законска манифестација наменета за децата според Законот за заштита на децата и се спроведуваат низа активности на Републичко ниво и во рамките на секое училиште и институција на локално ниво.Оваа година Домот за деца и млади одбележувањето го започна со Цртање во природа на тема : ,, Градиме мостови, чекориме напред! Настанот се реализираше во соработка со децата и нивните ментори од ликовните секции од основните општински училишта од општина Струмица.А настанот го проследија пишаните медиуми и web порталите.