Отворена изложба на ликовни творби создадени на ликовен хепенинг на Колешинските водопади

….. Отворена изложба на ликовни творби создадени на ликовен хепенинг на Колешинските водопади , од учениците на ликовната секција на ООУ ,,Видое Подгорец,,-Колешино. Оваа изложба е резултат на континуираната соработка на Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,,-Струмица и ООУ,,Видое Подгорец,,-Колешино на полето на ликовната дејност преку низа на ликовни конкурси во текот на целата година. Но овој пат соработката е во поинаква форма, ликовните творби изработени во природа ,а изложениени во галеријата на Дом за деца и млади.На овој начин имаме продолжување на соработката ,уживање во нашите природни убавини-водопадите и меѓусебна дружба на учесниците и организаторот.Организатор на изложбата Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, -Струмица како дел од прокетот ,,Размена на изложби од други институции ,здруженија,, финансиран од Министерството за култура на Република македонија.Изложбата ја проследија сите ученици од предметна настава од ООУ ,,Видое Подгорец,,- Колешино и ученици од ООУ,,Сандо Масев,,-Струмица.Организирањето на настанот имаше цел мотивирање на учениците за работа ,развивање на нивната креативност со користење на нови форми на работа,поразлични од стандардниот начин на работа.

Изложби