Струмичани ја одбележаа 74-годишнината од убиството на народниот херој Благој Мучето

Струмичани ја одбележаа 74-годишнината од убиството на народниот херој Благој Мучето

 

Пред Спомен плочата во големиот градски парк, членови на семејството Јанкови, градоначалникот и членови на Советот на општина Струмица, претставници на борците, на локалните установи кои го носат неговото име, Библиотеката и Домот за деца и млади и претставници на политичките партии од Струмица, положија свежо цвеќе. Рецитатори кои членуваат во литературната секција на  Домот за деца и млади „Благој Мучето“, рецитираа револуционерна поезија. Свежо цвеќе беше положено и пред Спомен бистата во малиот парк пред спомен бистата на народниот херој.

 

Изложби