Учество на детската ликовна колонија ,,Кратово-2018,,

…….Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, зеде учество на детската ликовна колонија ,,Кратово -2018,, со свои преставници, ученичките Анастасија Ристова и Лилјана Китанова, и нивниот ментор Звонко Тилев,соработник на Домот за деца и млади.Ученичките присуствуваа 5 дена на колонијата каде работеа на отворен простор во различни техники,на хартија и платано користејќи мотиви од старите убаави градби на градот Кратово,природни убавини и други мотиви,Анастасија освои прво место во категоријата на основци.На оваа колонија која има долгогодишна традиција на постоење учествуваат ученици од цела Република,каде децата освен што цртаат ,уживаат во старите градби и се дружат помеѓу себе.По отворањето на изложбата од делата создадени на оваа колонија,истите ќе бидат преземени од Домот за деца и млади,,Благој Мучето,, .

Изложби