Час со децата од ЈОУГД ,,Детска радост“- Струмица

04.06.2025    Со група децата од ЈОУДГ “Детска Радост” – Струмица, одржан музичко-забавен час и цртање на природни убавини. Под раководство на воспитувачките Славица Андреева и Кевица Туфекчиева, децата, согласно возраста, покажаа високо ниво на кративност, како во литературниот дел исполнет со гатанки, досетки, песнички, така и при цртањето. Прекрасно дружење во убавиот струмички парк, […]

Read More
,,Часови по цртање со Роза Мојсовска- ликовен уметник којашто црта со уста”

03.06.2025  Започна реализирањето на проектот,,Часови по цртање со Роза Мојсовска- ликовен уметник којашто црта со уста”. Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам, како проект од национален интерес. Во реализацијата на проектот зедоа учество ученици од ООУ,,Герас Цунев “- Просениково и ООУ,, Видое Подгорец “- Струмица и нивните менторки Слободанка Митева и Македонка […]

Read More
,,Цвеќе – 2025,,

  29.05.2025 ”ЦВЕЌЕ 2025” Четири децении традиција на одржување на Републички детски средби “Цвеќе”во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето”- Струмица. Годинава, вообичаено, имаше присутни ученици-натпреварувачи во екипно цртање во техника сув пастел, од повеќе градови од Македонија. Настанот се одржа во преубавиот градски парк непосредно пред Дом на Арм. Стручната комисија […]

Read More
Одбележување на 24 мај – Денот на македонските просветители

  23.05.2025 Во пресрет на 24 Мај, “Св. Kирил и Методиј”- Ден на сесловенските просветители, во ПУ “Атанас Нивичански” – Висока Маала, одржан едукативно-забавен час со Киро Донев.   Нашиот познат писател на литература за деца, онака баш учителски, на учениците од четврто и петто одделение, им зборуваше за литературата, книгата, писменоста…  Им раскажуваше случки […]

Read More
Натпревар по Уметничко рецитирање

13.05.2025 Во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, традиционално, веќе четири децении се одржува натпревар во уметничко рецитирање. Учениците од VI до IX одделение од основните училишта од регионот и годинава имаа можност да ги покажат своите рецитаторски способности. Присутните ученици, ментори, родители, гости…имаа ретка можност да уживаат во колажот […]

Read More
  Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

09.05.2025   Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, одбележани традиционално во малиот градски парк, пред Споменикот на паднатите борци. Рецитатори и модератор – членови на литературната секција при Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица. За значењето на 9 Мај, како светол датум во поновата светска историја зборуваше Градоначалникот на […]

Read More
122 годишнина од загинувањето на Гоце Делчев

04.05.2025   “Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.” Гоце Делчев    На плоштадот што го носи неговото име, одбележана 122 годишнина од загинувањето на апостолот на македонската револуционерна борба за ослободување од османлиското ропство, Гоце Делчев. Вообичаено за такви одбележување на значајни настани од македонската историја, со револуционерна поезија се […]

Read More
Светскиот ден на книгата и авторското право

23.04.2025 Светскиот ден на книгата и авторското право, 23 април, вообичаено Дом за деца и млади “Благој Мучето”, го одбележува со промовирање на млади автори. Годинава, пред учениците од осмо и деветто одделение во ООУ “Борис Трајковски”- Моноспитово, со дел од својот литературен опус се претставија младите поетеси Марија Витанова и Елисавета Ристова. За своите […]

Read More
Светски ден на уметноста

15.04.2025 Одбележан Светскиот ден на уметноста во организација на Домот за деца и млади “Благој Мучето” -Струмица во соработка со Роза Мојсовска, ООУ ,,Видое Подгорец “- Струмица, ООУ ,”Св. Кирил и Методиј”- Иловица и ООУ ,,Герас Цунев”- Просениково. Настанот започна со цртање и објаснување од страна на Роза Мојсовска, потоа учениците цртаа самостојно на тема […]

Read More
02.04.2025 Светски ден на литературата за деца

02.04.2025     Годинашното одбележување на Светскиот ден на литературата за деца, во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето”, за првпат беше од меѓународен карактер.   Во Дом на АРМ Струмица, пред учениците од четврто одделение од ООУ “Сандо Масев”, со свои литературни дела се претставија три поетеси од Р. Бугарија, Катерина […]

Read More