Одбележување на 24 мај – Денот на македонските просветители
-
септември 23, 2025
-
0 Comments
23.05.2025
Во пресрет на 24 Мај, “Св. Kирил и Методиј”- Ден на сесловенските просветители, во ПУ “Атанас Нивичански” – Висока Маала, одржан едукативно-забавен час со Киро Донев.
Нашиот познат писател на литература за деца, онака баш учителски, на учениците од четврто и петто одделение, им зборуваше за литературата, книгата, писменоста…
Им раскажуваше случки од неговите почетоци како учител и како писател, како и за неговите книги преведени на повеќе јазици, со акцент на преведените дела на турски јазик.
Учениците срамежливо поставија неколку прашања на кои писателот одговараше со задоволство и секако, шеговито, на само нему својствен начин.
Настанот организиран од Дом за деца и млади “Благој Мучето” во соработка со раководниот и наставниот кадар на училиштето.