Натпревар по Уметничко рецитирање

13.05.2025

Во организација на Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, традиционално, веќе четири децении се одржува натпревар во уметничко рецитирање.
Учениците од VI до IX одделение од основните училишта од регионот и годинава имаа можност да ги покажат своите рецитаторски способности.
Присутните ученици, ментори, родители, гости…имаа ретка можност да уживаат во колажот од песни од различни поети преку гласот на умешните рецитатори.
Комисијата, составена од профероси по македонски јазик и книжевност во средните училишта во Струмица, имаше тешка задача да одлучува за победниците на натпреварот.
Комисијата одлучи да бидат наградени следниве ученици:
Прво место:
Лука Костов, ООУ “Никола Вапцаров”- Струмица,
Марија Медарска, ООУ “Видое Подгорец” – Струмица
Второ место:
Снежана Грозданова, ООУ “Никола Вапцаров”- Струмица,
Стефан Арламов, ООУ “Гоце Делчев”- Вељуса
Трето место:
Тамара Ѓоргиева. ООУ “Мануш Турновски”- Ново Село,
Ангела Костадинова, ООУ “Никола Вапцаров”- Струмица,
Фросина Ефтимова, ООУ “Гоце Делчев”- Вељуса
Наградените ученици добија дипломи и комплет книги белетристика, додека останатите ученици добија книга подарок за учесетвото на натпреварот.
Изложби