154 годишнина од раѓањето на великанот,,Гоце Делчев“
04.02.2026
“Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.”
Гоце Делчев
На плоштадот што го носи неговото име, пред неговиот величествен споменик, одбележана 154 годишнина од раѓањето на великанот, апостолот на ревoлуционерната борба за ослободување на Македонија од османлиското ропство, Гоце Делчев.
Пригоден говор одржа градоначалникот на општина Струмица, г. Петар Јанков, додека револуционерна поезија читаа ученици од ООУ “Гоце Делчев” – Вељуса. Свежо цвеќе положија бројни делегации од локални институции и политички партии.

Сето тоа модерирано од Марија Витанова, од Литературната секција при Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица.

Изложби