Час по кратки форми со Ристо Филчевски во ДСУ-РЦСОО ,,Никола Карев,,
-
јули 16, 2026
-
0 Comments
02.02.2026
Во ДСУ-РЦСОО “Никола Карев” – Струмица, во соработка со професорот по македонски јазик и книжевност, Ице Беличев, одржан час по кратки книжевни форми со посебен акцент на афоризмот како посебен книжевен жанр. Дел од учениците од четврта година имаа ретка можност да слушнат за историјатот на афоризмот – појава и претставници, како во светски, така и во балкански рамки, со посебен осврт на состојбата со афористиката во Македонија.
Во вториот дел од часот, афористичарите Ристо Филчевски и Ацо Ѓоргиев читаа нивни афоризми, како и афоризми од други македонски автори.Настанот беше организиран од Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица.
