122 годишнина од загинувањето на Гоце Делчев

04.05.2025

  “Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.”
Гоце Делчев
   На плоштадот што го носи неговото име, одбележана 122 годишнина од загинувањето на апостолот на македонската револуционерна борба за ослободување од османлиското ропство, Гоце Делчев.
Вообичаено за такви одбележување на значајни настани од македонската историја, со револуционерна поезија се претставија членовите на рецитаторската секција при Дом за деца и млади “Благој Мучето”-Струмица.
Пригоден говор за ликот и делото на Гоце Делчев слушнавме од градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.
Изложби