Светскиот ден на книгата и авторското право
-
септември 12, 2025
-
0 Comments
23.04.2025
Светскиот ден на книгата и авторското право, 23 април, вообичаено Дом за деца и млади “Благој Мучето”, го одбележува со промовирање на млади автори.
Годинава, пред учениците од осмо и деветто одделение во ООУ “Борис Трајковски”- Моноспитово, со дел од својот литературен опус се претставија младите поетеси Марија Витанова и Елисавета Ристова.
За своите литературни почетоци во шеесеттите години од минатиот век зборуваше и познатиот роднокраен автор Киро Донев.
Две ученички се претставија со свои поетски творби, со што само се потврди идејата за одржување на настанот за поттикнување на творечкиот дух кај учениците.
Настанот беше организиран во соработка со менторката Зоре Стоилкова, како и со раководниот кадар во училиштето.