Одбележување на патрониот празник на ,,Благој Мучето,,
-
март 10, 2025
-
0 Comments
14.07.2024
Одбележана 80 годишнина од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето.
По тој повод членовите на рецитаторската секција при Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица,читаа револуционерна поезија.
Пригоден говор за животот и делото на народниот херој, одржа Македонка Глигорова , Член на Советот на општина Струмица.
Денешниот ден воедно е и патронен празник на Домот за деца и млади, како и на градската библиотека кои го носат името на Благој Мучето.
Положено свежо цвеќе, а чествувањето заврши со положување на свежо цвеќе и на бистата на Благој Јанков Мучето во малиот градски парк во Струмица.