Посета на приватната библиотека на Иван Котев
   Членови на Литературната секција при Дом за деца и млади “Благој Мучето”, ја имаа привилегијата да бидат гости на нашиот познат фолклорист Иван Котев.
   Во работната просторија-приватната библиотека, тој раскажуваше за сопствените почетоци како собирач на народни умотворби, упорноста со која го прави тоа повеќе од половина век, како и желбата дека некој од младите генерации ќе го продолжи неговото дело.
   Младите литерати беа воодушевени од содржината на библиотеката, а уште повеќе од љубовта на Иван Котев кон книгата воопшто.
Изложби