Уметничко рецитирање

На  25.04.2018 Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, од Струмица  реализираше Уметничкото рецитирање .На овој настан учество зедоа сите основни училишта од општините Струмица ,Ново Село,Василево и Босилово.Настанот имаше натпреварувачки карактер ,а за наградите  одлучуваше тричлена комисија -професори по Македонски јазик. Комисијата одлучи за  три први награди,две втори,две трети награди, награда за интерпретативно читање и две пофалници , а наградите ги обезбеди Домот за деца и млади-актуелни книги соодветни за возраста на учесниците.Учениците на настанот присуствуваа со своите ментори ,со кои и ги спремаат песните за рецитирање . Секој учесник/чка добија по една книга за учество. А настанот го проследија на ставниците по македонски јазик, ученици , членови на литературни секции и заинтерисирани граѓани.

Изложби