Одбележан 23 Април светскиот ден на книгата

 

Домот за деца и млади ,,Благој Мучето,, -Струмица во соработка со ООУ ,,Видое Подгорец,,-Колешино го одбележа светскиот ден на книгата и авторското право.По тој повод  три млади поетеси : Марија Спасова, Илина Врешкова и Рената Атанасова , кои се постојани соработници на полето на литературната дејност на Домот за деца и млади , читаа свои песни и   извадоци од нивните прво објавени книги пред учениците од ООУ,,Видое Подгорец,,. Нив им се придружија и ученици и ученички од училиштето домаќин и прочитаа нивни лични творби.Се оствари еден добар литературен настан , дружење помеѓу младите поетеси и учениците,како и посета на училишната библиотека,при што младите поетеси оставија примероци од нивните книги.

 

https://youtu.be/mcH37zw-n-Q

Изложби