Републички детски средби ,,Цвеќе 2024“
-
јуни 3, 2024
-
0 Comments
31.05.2024
Се одржаа 34 по ред Републички детски ликовни средби ,,Цвеќе – 2024″.
На манифестацијата учество зедоа 20 екипи со по три ученици и нивните ментори од Струмица, Босилово, Василево, Неготино, Пехчево, Демир Капија, Берово, Русиново и Гевгелија.
Учесниците, екипно, во природа, работеа на хамер со сув пастел во првиот дел од настанот.
Во вториот дел отворена изложба од пристигнатите скоро 300 ликовни творби на тема “Цвеќе” по претходно распишан конкурс доставен до ОО училишта, домови и центри за култура од целата држава.
Настанот се одвиваше во убавиот струмички парк пред Дом на АРМ, во фоајето и во големата сала на домот.
Како и секоја година така и оваа, настанот беше од награден карактер, доделени 8 награди за создадените ликовни творби на самиот настан и 12 награди за пристигнатите ликовни творби.
Наградени ученици на ликовен конкурс
Тема: „Цвеќе 2024”
Прва награда:
1.Мила Захариева – Нуцк „Бели Мугри“ – Кочани
2.Кристина Гацева – ООУ „Димче Габерот“ –Демир Капија
3.Михаела Беџовска – ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово
Втора награда:
1.Мила Бургова – ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица
2.Верица Соколова – ООУ „Сандо Масев“ – Струмица
3.Николина Димова – ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица
Трета награда:
1.Хидиса Демирова – ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево
2.Мерем Мемедова – ООУ „Атанас Нивичански“ – Нова Маала
3. Алексија Буровска – ООУ „Никола Русински“ – Русиново
Посебна награда:
1.Лилјана Палифрова – ООУ „Герас Цунев“ – Просениково
2.Ива Бакаловска – ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево
3.Лара Џишева – ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија
Наградени екипи во цртање во природа на тема “Цвеќе”
Прва награда:
1. ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиља
2. ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија
Втора награда:
1. ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица (Турново)
2. ООУ „Гоце Делчев“ – Неготино
Трета награда:
1.ООУ „Даме Груев“ – Куклиш
2.ООУ „Атанас Нивичански“ –Новаа Мала
Посебна награда:
1 Нуцк „Бели Мугри“ – Кочани
2.ООУ „Димче Габерот“ – Демир Капија
Настанот посетен од многу љубители на ликовната уметност.