Литературно дружење на учениците од ООУ ,,Маршал Тито,,-Муртино со писателот Киро Донев

   На 14.03.2018 година одржано литературно дружење на учениците од ООУ ,,Маршал Тито,, од Муртино со писателот Киро Донев.Киро Донев познат писател и автор на ТВ драми, раскази за деца ,басни ,но најзастапен е како писател  на детска поезија.Тој своето образование го започнал токму во ова училиште,каде денес заедно со учениците ги сподели своите сеќавања од училишните денови.На учениците им раскажуваше случки ,како и за моментите кои го мотивирале да пишува поезија уште  од најрана возраст.Исто така на учениците им рецитираше дел од неговите песни ,а заедно со неговиот колега фолклорист Иван Котев сподели повеќе народни поговорки и пословици.

Целата на ова литературно дружење беше да им се даде поттик на учениците повеќе да читаат и пишуваат литературни творби.Настанот беше организиран од страна на Домот за деца и млади,,Благој Мучето,, – Струмица,а медиумски покриен е од регионалната телевизија канал Вис.

Изложби