Отворање на изложба и доделување на награди по распишаниот конкурс по повод 8 Март
-
март 6, 2018
-
0 Comments
На 06.03.2018 година беше отворена изложба од пристигнатите ликовни творби по распишаниот ликовен и литературен конкурс по повод меѓународниот ден на жената 8 Март на тема ,,Жената-симбол на трудљубивост, храброст, нежност и љубов,,. На истиот настан од пристигнатите 200 ликовни творби и 90 литературни творби, доделени скромни, но стимулативни награди и тоа 19 за ликовните творби и 13 за литературни творби.Настанот беше реализиран во соработка со основните училишта од општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. На манифестацијата посебен акцент се даде на две прогресивни жени од историјата Клара Цеткин и Роза Луксембург, кои се избориле за еднакви можности и право на глас на жената, а во тој контекст беше и темата на настанот, со кој се потенцира дека 8 Март е празник на жената, а не само на мајките.