Часови по фолклористика со Иван Котев во Моноспитово
18.04.2023
Одржан уште еден час по фолклористика со Иван Котев. Овојпат со осмооделенците и деветооделенците во ООУ “Борис Трајковски”- Моноспитово.
Тема:Видови на народните умотворби, нивното усно пренесување од генерација на генерација, како и методот на запишување и дешифрирање од страна на нашиот фолклорист.
Учениците покажаа солиден интерес за песните, поговорките, пословиците, гатанките, приказните…
Дом за деца и млади “Благој Мучето” организатор на настанот заедно со претставници од училиштето.
Изложби