Едукативен час – ,,Размена на изложби“

09.12.2022

  Одржан Едукативен час со учениците од 4 одд .
од ООУ ,, Никола Вапцаров,, – Струмица и нивните наставнички Вангелица Манева и Соња Спасова со разгледување на годишната изложба на Училиштето за цртање кое работи при Домот на култура,, Јане Сандански,, во Ново Село.
  Оваа изложба беше отворена на 29.11.2022 како дел од проектот,, Размена на изложби,, одобрен од Министерството за култура како пролет од национален интерес .
  Учениците имаа можност да разгледаат 50 дела работени во повеќе техники : акрил, молив, фасадни бои, темпера и сл. по репродукции, мотиви од природни убавини, мртва природа и според перцепцијата на учениците.
  Целта на ваквите настани е презентација на Ликовната уметност, промоција на младите ликовни творци и нивните дела , кои работат под менторство на ликовниот уметник Звонко Тилев.
Секогаш кога има настани од ваков вид се трудиме да бидат видени од поширок аудиториум, да се искористат за едукација и дружење.
Изложби