Ново Село- изложба на Училиштето за цртање
-
март 17, 2023
-
0 Comments
29.11.2022
Отворена годишната изложба на Училиштето за цртање кое работи при Домот на култура,, Јане Сандански “ – Ново Село. Оваа изложба е дел од проектот Размена на изложби , одобрен и финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Оваа соработка помеѓу Домот за деца и млади „Благој Мучето “- Струмица – организатор и Домот на култура ,, Јане Сандански “ од Ново Село трае повеќе години наназад не само на полето на Ликовната дејност, туку и во другите дејности. Изложени 52 ликовни творби, изработени од 14 ученички на Училиштето за цртање,( работени во повеќе техники : aкрил , молив , фасадни бои и сл) по репродукции , мотиви од природни убавини, мртва природа и според перцепцијата на учениците.Членовите на Училиштето за цртање работат под менторство на Звонко Тилев, ликовен уметник .
Гости на настанот Ученици од ООУ ,, Видое Подгорец ,, – Струмица и нивната менторка Македонка Ангелова Стилова, дел од учениците се наши соработници и учесници на настаните од ликовната дејност.
целта на овој настан е презентација и негување на Ликовната уметност, промоција на младите ликовни творци и нивните дела, едукација и дружење.
+33