Републички детски средби ,, Цвеќе 2019 ,,

 

….Денес Домот за деца и млади ,, Благој Мучето ” – Струмица ги реализираше 29 те по ред Републички детски средби ,, Цвеќе- 2019 “.Учество зедоа 23 екипи од основните општински училишта од Струмица, Ново Село, Босилово, Берово , Стојаково, Гевгелија, Демир Капија и Кочани.Учесниците се натпреваруваа во три категории: цртање на хамер , ликовни творби за изложба и арнжирање свежо цвеќе во икебани.Оценувањето беше од страна на стручни лица од дејноста и беа доделени 10 награди за цртање на хамер, 14 награди за ликовните творби за изложба, 5 награди за аранжирање на свежо цвеќе и симболична награда за секој учесник.Гости на настанот хетерогената инклузивна група ,,Надеж “со перформансот После дождот во режија на Наташа Ѓоргиева, учесници: возрасни , деца, ученици од СОУ” Јане Сандански” и ООУ,, Маршал Тито” и девојките од Центарот за балетска уметност ,, Референсе” и нивниот ментор Олгица Илиева.Присутни гости : Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, дел од советниците, преставници на институции, преставници на одд. за образование и заинтересирани граѓани.

 

Изложби