Едукативен час за настанокот на Моноспитовско блато
-
мај 14, 2019
-
0 Comments
Денес во “Центар за алтернативен туризам и креативен разво”ј – Етно музеј – Моноспитово во оранизација на Дом за деца и млади “Благој Мучето”, Струмица, a во соработка со OOУ Борис Трајковски, Моноспитово се одржа едукативен час со ученици од ова училиште.
Предавачи на настанот беа Ѓорги Бонев – автор на “Монографија за Моноспитово”, Иван Котев – наш познат фолклорист, собирач на народни умотворби и Киро Донев – роднокраен автор на литература за деца.
Предавањето беше на тема историјат и фактографија на населеното место Моноспитово, легенди за настанокот на селото, легенда за настанокот на Моноспитовско блато -Ѓољо, застапеноста на ретката флора и фауна во областа.
Учениците покажаа голем интерес за предавањето, како и можност за повторна дружба во друга едукативна форма.