23 Октомври – одбележување

 

23.10.2025
“Се собравме ние денес,
овде, во беломорскиот Солун,
ние шестмината: Татарчев, Груев, Поп Арсов,
Димитров, Хаџи Ников, Батанџиев,
ние шестмината,
со нова искра надеж, оган да потпалиме.
Се собравме,
да го расфрлиме семето на револуцијата
по плодната македонска почва,
и во секој град, во секое село, во секое маало,
ќе никнат револуционери,
ќе пораснат комити и војводи,
Напролет ќе излезат четите,
и ќе ги има многу, многу,
зад секоја ритка, во секоја гора.”
Во Дом на АРМ- Струмица, со пригодна свеченост одбележан Денот на македонската револуционерна борба.
Рециталот, вообичаено, во изведба на членовите на рецитаторската секција при Дом за деца и млади “Благој Мучето”. За значењето на празникот зборуваше новоизбраниот градоначалник на Општина Струмица, Петар Јанков.
Програмата беше збогатена со учество на млади музичари од ОМУ “Боро Џони”, како и со настапот на игроорците од “Фолклорна низа”.
Изложби