Цртање по повод Детската недела
07.10.2025
Започна одбележувањето на Детската недела со Цртање на хамер со сув пастел на тема ,,Светот околу мене“.
Настанот го организираше Општинската установа Дом за деца и млади ,,Благој Мучето“- Струмица, во соработка со Општинските основни училишта ,,Видое Подгорец,,- Струмица, ,,Никола Вапцаров“-Струмица, ,,Герас Цунев“- Просениково, ,,Атанас Нивичански“- Нова Маала , ,,Мануш Турновски“- Ново Село, ,,Св. Кирил и Методиј,,- Дабиле, ,,Даме Груев“- Куклиш, ,,Гоце Делчев”- Босилово , ,,Св. Кирил и Методиј“- Иловица ПОУ Турново и ,,Маршал Тито“-Муртино.
Овој настан има традиција на одржување скоро 40 години.
Одбележувањето на Детската недела ќе продолжи со доделување на награди по распишаниот литературен и ликовен конкурс на истата тема и отворање на изложба од пристигнатите ликовни творби.
Изложби